Едукативниот Центар ДРИМ ТИМ располага со квалитетен стручен кадар на професори кои се професионални во својата област. Во нивната кариера е врежано повеќегодишно искуство во работењето со деца, ученици, студенти и возрасни, како и организирање и одржување на групни и индувидуални часови. Часовите се организираат во согласност со потребите и интересите на учениците и се опфаќаат сите јазични вештини (читање, пишување, слушање, говорење и изговор). Во часовите е вклучена и подготовка за тестови, испрашување, помош при пишување домашни работи, превод на текстови и се останато што е потребно да се олесни изучувањето на странските јазици.
Со оглед на тоа дека во нашата држава престојуваат и живеат голем број странци, Дрим Тим е секогаш подготвен да им помогне во изучувањето на македонскиот јазик и да им ја олесни комуникацијата со локалното население во секојдневното живеење.